По упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во Капитол Хил, се појавија низа видеа кои ја отсликуваат атмосферата и сериозноста на ситуацијата. На следното видео, за кое ве информираме дека е вознемирувачко, се гледа како еден од полицајците кои го бранат влезот на Конгресот е притиснат од толпата, која по секоја цена сака да упадне во зградата.
ФБИ отвори обемна истрага и ги бара сторителите за што апелираше и до јавноста – ако ги види тие лица, веднаш да информира.