Владиката Петар бара да се воведе веронаука во училиштата, бидејќи според него така ќе се постигне духовната обнова на народот.
„Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска и не знам каква, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби“,
изјави Владиката Петар, по божикниот ручек во Прилеп, во организација на детската амбасада „За сите деца во светот“.
Тој изрази и надеж дека годинава може да се очекува одредено придвижување по прашањето за автокефалност на МПЦ.
„Се надевам дека може да дојде и тој ден и ние како Православна црква, која по постоење сме помеѓу најстарите, но по признавање сме помеѓу последните, да бидеме рамноправни во признавањето. Но, никогаш не е доцна и ние да бидеме во Екумената на православните цркви, во заедница со сите православни помесни цркви, односно, да ја добиеме автокефалноста,“
изјави владиката Петар , Митрополит Преспанско-Пелагониски.
*поврзана вест: Реакции за изјавата на г. Петар: Владиците се доказ дека веронауката не ги менува луѓето на подобро