Ревизијата ги опфаќа сите четири земји кандидати за членство од Западен Балкан, како и потенцијалните кандидати
Европскиот ревизорски суд почна проценка на ефикасноста на мерките на ЕУ за поддршка на владеењето на правото во земјите од Западен Балкан.
Ревизијата ги опфаќа сите четири земји-кандидати за членство во ЕУ од регионот (Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија) и две потенцијални држави -кандидати (Босна и Херцеговина и Косово), се наведува во соопштението од судот.
Европскиот ревизорски суд соопшти и дека за реформите во областа на правосудството за земјите од Западен Балкан се издвоени околу 700 милиони евра во изминатите седум година, што е 16 проценти од вкупната билатерална помош на ЕУ за регионот.
Во соопштението испратено од седиштето на Европскиот ревизорски суд во Луксембург, се наведува дека владеењето на правото е основна европска вредност и еден од основните критериуми за членство во Европска Унија.
„Целта на ревизијата што започна е да се утврди колку овие мерки биле ефикасни во зајакнувањето на владеењето на правото на Западен Балкан. Ревизорите посебно ќе испитуваат дали поддршката од ЕУ за владеење на правото е добро осмислена, употребена за решавање на идентификуваните клучни проблеми и дали довела до конкретни и одржливи подобрување, во согласност со стандардите на ЕУ“,
се посочува во соопштението.
Резултатите од истрагата ќе бидат познати кон крајот на годината.