Лекарите во романскиот округ Јаломица биле зачудени откако денеска, на стартот на кампањата за вакцинација во нивниот реон, утврдиле дека дозите вакцини кои пристигнале биле спакувани во кутија за пици, објави романски Адеварул.
Координаторот на националната кампања за вакцинација во Романија, д-р Валериу Георгица изјавил дека станува збор за пакувања, кои навистина наликуваат на кутии во кои се врши достава на италијанскиот специјалитет.
„Важно е да се почитува ладниот ланец. Кутиите што ги доставува производителот се навистина слични на кутија за пица. Во нив има 195 шишенца, а случајност е тоа што тие навистина многу личат на кутија за пица. Тоа што е значајно е дека се внимава на потребната температура а амбалажата е навистина неважна“,
изјавил д-р Георгица за Адеварул.