Се зголемува бројот на повредени во денешната експлозија во ресторанот „Вилиџ“ во Урошевац, Косово а меѓу нив има и две малолетни лица, изјави градоначалникот Казим Река.
Бројот на повредени лица засега изнесува 42.
Во изјава за приштинскиот портал Телеграфи, Река рече дека 12 повредени лица биле испратени во Ургентниот центар во Приштина.
Експлозијата се случи околу 15 часот и според првичните податоци, се верува дека е предизвикана од плинска боца во ресторанот.