Во Белград вчера пристигна вториот контингент од 19 500 вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“
Вакцинацијата против ковид-19 денеска почнува во Србија и ќе се одвива на повеќе од 30 локации и на околу 110 пункта за вакцинација, јави РТС.
Во Србија вчера пристигнаа 19 500 вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против новиот коронавирус, што е втор контингент откако на 22 декември минатата година беа набавени 4 875 дози од вакцината.
Како што претходно изјави државниот секретар Мирсад Ѓерлек, околу 8 500 здравствени работници и 2 500 лица во геронтолошки центри треба да бидат вакцинирани до крајот на неделава.
Ѓерлек, исто така, најави дека во јануари во Србија ќе пристигнат 80 000 дози вакцината на компанијата „Фајзер“ и се очекуваат поголеми количини вакцини од Русија и Кина.