Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (49) нема да биде екстрадиран во САД по обвинението за шпионажа, изјави денеска британската судијка Ванеса Бараитсер, објаснувајќи дека тоа би била репресивна мерка поради неговата психичка состојба. Американската администрација соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Обвинителството во САД го обвини Асанж по 17 точки, како и една дека ја злоупотребил употребата на компјутерите околу објавите на Викиликс на воени и дипломатски документи пред една деценија. Обвиненијата против него би можеле да му донесат и потенцијална затворска казна од 175 години.
Адвокатите на Асанж застанаа во негова одбрана со аргументи дека тој се однесувал како новинар и се повикал на Првиот амандман, кој особено ја нагласува слободата на говорот, за објавување документи што ги откриваат наводните незаконски дејствија на американската армија во Ирак и Авганистан.
Let this be the end of it. https://t.co/d9GDima1PA
— Edward Snowden (@Snowden) January 4, 2021
Поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден, денеска ја поздрави одлуката на британскиот суд да не го испорачува Џулијан Асанж на САД и изрази надеж дека таа одлука ќе означи крај на гонењето на основачот на Викиликс.
„Да се надеваме дека ова е крајот (на овој случај)“,
напиша Сноуден на Твитер, реагирајќи на одлуката на британскиот суд.