Криптовалутата биткоин денеска првпат ја надмина вредноста од 30 000 долари, достигнувајќи 31 502,77 долари, објави агенцијата Блумберг.
-Апетитот за ризик, кој се забележува во купувањето на таа криптовалута, останува непроменет, оценува независниот аналитичар со седиште во Германија, Тимо Емден, кој очекува натамошен раст на вредноста на биткоинот.
Вредноста на биткоинот почна да се зголемува во октомври, откако „ПејПал“ започна сервис на пазарење, продажба и плаќање со таа криптовалута.
Дел од американските аналитичари сметаат дека традиционалните инвеститори веќе почнале да го користат биткоинот, а влијателни експерти на Волстрит почнаа да го следат курсот на оваа криптовалута.
Вредноста на биткоинот се зголемува од 2017 година, кога изнесуваше помалку од илјада долари.