Сенатот, во кој мнозинство се републиканците, гласаше за Законот за одбранбен буџет од 740 милијарди, со 81 глас „за“ , додека само 13 беа против
Трамп одби да го потпише Законот за национална одбрана, во износ од 740 милијарди долари, бидејќи со него не се укинуваат одредени правни механизми за заштита на технолошките компании
Конгресот на САД вчера му приреди непријатно изненадување на претседателот во заминување Доналд Трамп и го усвои законот за буџетот на одбраната и покрај неговото вето, пренесе агенцијата Франс Прес.
Сенатот, во кој мнозинство се републиканците, гласаше за Законот за одбранбен буџет од 740 милијарди, со 81 глас „за“ , додека само 13 беа против.

Горниот дом на американскиот конгрес заседаваше вчера, што е вообичаено за првиот ден од Новата година, кој во САД. Претставничкиот дом, пак, во кој има мнозинство се демократите, во понеделникот гласаше со 322 гласа „за“ за поништување на ветото на Трамп, додека 87 беа против.
Трамп одби да го потпише Законот за национална одбрана, во износ од 740 милијарди долари, бидејќи со него не се укинуваат одредени правни механизми за заштита на технолошките компании. Членовите на Конгресот од Републиканската партија досега обично стоеја за секоја одлука на Трамп за време на неговите четири години во Белата куќа.
Од поразот на претседателските избори, Трамп остро ги критикуваше дека не ги поддржуваат целосно неговите непотврдени обвинувања за изборни измами, како и за отфрлање на неговото барање да гласаат за поголема финансиска помош за погодените од ковид-19. Во последно време се погласни беа најавите дека тие се подготвени да го поништат неговото вето на законот за одбрана.
Вчерашната „шлаканица“ за Трамп доаѓа во време кога се попбројни се републиканците кои го признаваат неговиот пораз на претседателските избори.
И покрај ваквото расположние во партијата чиј кандидат е, Трамп вчера преку Твитер најави дека ќе организира голем протест во Вашингтон на 6 јануари во 11 часот претпладне, но без да ја посочи точната локација на која ќе треба да дојдат неговите приврзаници.
Истиот ден за кога тој ги мобилизира своите симпатизери да му се придружат во демонстрациите кои, според него, ќе треба да ја „спречат кражбата“, се одржува и заедничката седница на двата дома на американскиот Конгрес на која ќе треба да биде донесена конечната одлука околу исходот на изборите.
Иако таа последна инстанца досега важеше за формална, на која само се потврдуваа резултатите од електорите, неколкумина членови на Претставничкиот дом и на Сенатот најавија дека ќе се спротистават на таквата одлука.
Сепак, за да дојде до промена на резултатот потребно е и двата дома на Когресот да го прифатат тоа, што е речиси невозможна мисија, бидејќи демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом, а во Сенатот иако доминира спротивниот табор, неколкумина сенатори од Републиканската партија веќе го признаа изборот на Бајден за нов американски претседател.