Новоизбраниот претседател Џо Бајден, кој на 20 јануари ќе стапи на функцијата, исто така даде многу смело ветување дека најмалку 100 милиони дози ќе бидат распределени во првите 100 дена од неговиот мандат
САД не успејаа да го исполнат планот за вакцинирање на 20 милиони луѓе до Нова година, што го поставија државните и здравствените власти на почетокот на вакцинацијата.
До вчера, нешто повеќе од 12 милиони дози се доставени до здравствените установи, но и тие не се потрошени, бидејќи досега се вакцинрани 2,7 милиони луѓе, објави Центарот за контрола на болести, пренесува Би-би-си.
Здравствените власти ветија дека вакцинирањето ќе се забрза по новогодишните празници. Новоизбраниот претседател Џо Бајден, кој на 20 јануари ќе стапи на функцијата, исто така даде многу смело ветување дека најмалку 100 милиони дози ќе бидат распределени во првите 100 дена од неговиот мандат.
Вчера, САД регистрираа рекордни 3 927смртни случаи во еден ден, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Досега повеќе од 342 000 лица починаа во САД.
САД се земја со најмногу заразени со коронавирус во светот.
