Државната комисија за спречување корупција на денешната 45-та седница донесе одлука со која му укажува на Советот на Општина Центар да донесе нов заклучок за членовите на комисиите, кои работат на изборот на идејното урбанистичко решение за локацијата на поранешната фабрика „Треска“. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, вели дека самите отвориле предмет откако дознале дека градоначалникот формирал комисии за составување влезни податоци и Комисија за оценување конкурсни решенија, во кои членуваат и претставници кои што се сопственици на земјиштето.

„Гледајќи го списокот на учесниците, каде се наоѓаат и сопственици на тој простор, заклучивме дека комисиите не се независни и во нив членуваат претставници на сопствениците на земјиштето и на инвеститорите, кои остваруваат директна финансиска корист од урбанистичко решение. Сметаме дека учествотото на приватниците во овие комисии, всушност ќе овозможи протежирање на нивниот приватен интерес, што не е во ред со закон, изјави Ивановска“,
изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
По добиените документи од Општина Центар, рече Ивановска, утврдено е дека се прекршува еден член од Законот за јавни набавки со кој се пропишува дека оценувањето на проектите за идејно решение го извршува комисија од три члена, кои се независни од учесниците во конкурсот и се професионални во таа област.
