На вработените најпрво во вторникот им било кажано дека ќе го започнат напуштањето на Белата куќа на 4 јануари, но веќе во средата им е посочено да не ја земаат предвид информацијата
Два конфликтни меморандуми, дел од внатрешна комуникација, создадоа збунетост во Белата куќа во средата за тоа кога вработените во Извршната канцеларија на претседателот треба да започнат со подготовки за напуштање на работните места пред предавањето на власта следниот месец.
Во електронска порака во средата наутро испратена од Канцеларијата за менаџмент во Белата куќа, на вработените во Извршната канцеларија им било наложено да не ја почитуваат претходната информација од вторникот со која се информираат дека ќе започнат со заминување од 4 јануари, објави порталот „Политико“, кој ги добил двете пораки.
Меморандумот од вторникот, исто така, содржел и информации кои се однесуваат на платниот список на вработените во заминување, бенефициите, боледувања и друг вид евиденција, етички и безбедносни сертификати. Вработените беа известени дека во наредните денови ќе добијат сеопфатен список за проверка и ќе треба да направат попис на нивниот канцелариски простор.
Во другите точки од меморандумот се споменува „чистење на фрижидерите и микробрановите печки“ и враќање на „сите канцелариски материјал во Белата куќа“ и „претседателски подароци“, како тоа дека канцеларискиот материјал ќе се дезинфицира по враќањето.

Првиот меморандум испратен во вторникот е во спротивност со актуелните јавни изјави и постапки на претседателот Доналд Трамп и неговите главни соработници да го променат резултатот од изборите и неговите тврдења дека победата му е украдена. Во средата наутро Канцеларијата за менаџмент на Белата куќа во својата нова електронска порака советува дека нови информации ќе бидат споделени во наредните денови.
Двете пораки во интерната комуникација меѓу персоналот во Белата куќа се случуваат во време кога шефот на персоналот во Белата куќа, Марк Медоус, наводно, ја посетил Џорџија во вторникот за да ја набљудува ревизијата од локалните власти на гласачките ливчиња пристигнати по пошта – процес што го бараше претседателот како дел од неговиот обид за поништување на резултатите од изборите во оваа клучна федерална држава.
Исто така, ваквата хаотична комуникација се случува откако во вторникот вечерта Трамп на Твитер објави видеопорака во која, говорејќи за новите закони и нивното поднесување до администрацијата, вели дека можеби следната администрација ќе биде тој.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 23, 2020