Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат вкупно 476 пациенти, а слободни се околу 45 кревети, покажуваат податоците од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа имало повеќе исписи отколку примени, односно хоспитализирани се 31 нов пациент, а пуштени се дома 45 оздравени пациенти.
Најмногу од хоспитализираните во Скопје се во Инфективната клиника – 146 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 110. На Детската клиника во Козле, пак, се сместени 44 пациенти.
Во останатите клиники состојбата е следна: на Кожната клиника има 23 пациенти; на Клиниката за неврологија 30; на Институтот за ТБЦ 42; на Клиниката за нефрологија 26; на Клиниката за очни болести 11; на ОРЛ 21, а на Клиниката за гастроентерохепатологија 23 пациенти.
