Лесно е да кажеме дека нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моменталната ситуација со Бугарија. Но, да не заборавиме дека имаме македонска дијаспора насекаде низ светот, наши сограѓани коишто се огромни афирматори на македонскиот народ и македонската држава, вели премиерот Зоран Заев.
На новинарско прашање – дали би поддржал законска регулатива со која сите државни функционери ќе мора да пријават дали покрај македонското имаат и друго државјанство, премиерот рече дека треба да има дискусија и да се слушне мислењето на јавноста.
„Имаат и други свои пасоши во Америка, Австралија, Германија, Швајцарија. Да имаме предвид дека тоа е нашата дијаспора. Ни треба, е вредна. Лесно е да кажеме сите аман нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моментот на разговорите со Бугарија, а притоа заборавивме дека има повеќе од 2 милиона наши жители надвор низ светот, тоа е наша дијаспора, тоа се огромни афирматори на македонштината и на македонскиот народ и држава. Тие се наши амбасадори, освојуваат медали на олимпијади и светски првенства. Тоа се нашите сограѓани“,
рече премиерот.
Лесно е да кажеме дека нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моменталната ситуација со Бугарија. Но, да не заборавиме дека имаме македонска дијаспора насекаде низ светот, коишто се огромни афирматори на македонскиот народ и македонската држава. Тие се наши сограѓани. pic.twitter.com/a4Jp95q1xC
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) December 19, 2020
Претходно, официјална Софија порача дека не може да ја промени позицијата за спорот, бидејќи, како што велат, ниту една бугарска влада не смее да ги предаде 88 450 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарско државјанство.
Коментирајќи ги ставовите на бугарското Министерство за надворешни работи, Заев денеска рече дека треба да се продолжи да се бара решение, иако како што посочи, веќе не знае што треба да се решава.