Поглаварот на Римокатоличката црква од прозорецот на Апостолската палата во Ватикан се обрати со стабилен и јасен глас, низ насмевка. Тој им се заблагодари на луѓето од целиот свет за молитвите и најави дека постепено ќе се враќа на сите свои должности на челото на Црквата која ја сочинуваат 1,4 милијарди верници

Папата Лав Четиринаесетти им се обрати на верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан во првиот јавен настап по операцијата поради рак на белите дробови на која беше подложен пред пет дена.
Поглаварот на Римокатоличката црква од прозорецот на Апостолската палата во Ватикан се обрати со стабилен и јасен глас, низ насмевка. Тој им се заблагодари на луѓето од целиот свет за молитвите и најави дека постепено ќе се враќа на сите свои должности на челото на Црквата која ја сочинуваат 1,4 милијарди верници.

Пет дена по операцијата со која поради карцином му беше отстранет дел од десното белодробно крило, папата Лав самостојно дојде до прозорецот на палатата и, како и обично, ја одржа својата неделна попладневна молитва.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите кои се бореа за мене во последните неколку дена. Навистина ја почувствував вашата поддршка. Ви благодарам. Ова искуство ме наведе да почувствувам посебна блискост со сите оние кои се борат со болест и немоќ. Откако го пребродив овој тежок период, постепено ќе продолжам да ги извршувам своите должности, секогаш со Божја помош и вашите молитви“,
рече папата Лав.
Папата беше пуштен од болница во саботата
Пред една седмица, од истиот прозорец на Апостолската палата, папата Лав објави дека наскоро ќе мора да отиде на операција бидејќи лекарите му пронашле израсток на белите дробови.
Тој беше опериран во вторникот во римската болница „Џемели“. Му бил дијагностициран аденокарцином, најчестиот облик на рак на белите дробови.

Операцијата со која му бил отстранет дел од десното белодробно крило минала уредно, но лекарите не ја објавиле големината на туморот ниту дали болеста се проширила на други органи.
Во саботата 71-годишниот Папа бил отпуштен од болницата. Во таа прилика тој самостојно допешачил до автомобилот и патем поразговарал со присутните.
