Во Швајцарија и Лихтенштајн денеска се потврдени нови 4 488 случаи на ковид-19, а починале уште 120 пациенти
Швајцарската Влада нареди сите ресторани, спортски и рекреативни центри од вторник да бидат затворени еден месец, и ги повика граѓаните да останат во своите домови за да спречат пренесување на коронавирусот.
Во Швајцарија и Лихтенштајн денеска се потврдени нови 4 488 случаи на ковид-19, а починале уште 120 пациенти.
Од почетокот на пандемијата до денеска, во Швајцарија се заразиле повеќе од 404 000 луѓе, а починале повеќе од 6 000 лица.
Швајцарија беше меѓу првите европски држави кои по првиот бран, нагло ги олабавија мерките и дозволија работа на ресторани, собири и спортски настани.
