Се очекува ФДА да го усвои мислењето на Одборот и да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус, по што ќе почне и нејзината дистрибуција
Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“, производител на лекови со седиште во Масачусетс.
Одобрувањето на вакцината беше поддржано од 20 члена на одборот, со еден воздржан, една недела откако истото тело даде согласност за вакцина, која е заеднички произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Се очекува ФДА да го усвои мислењето на одборот и да ја одобри употребата на вакцината на компанијата „Модерна“, по што ќе започне нејзината дистрибуција.
Американскиот министер за здравство Алекс Азар за Си-ен-би-си изјави дека 5,9 милиони дози се наменети за дистрибуција низ цела Америка.
Претходно оваа недела, регулаторите на ФДА ги потврдија тврдењата на „Модерна“ за безбедноста и ефикасноста на вакцината.
