Во последните 24 часа во Шведска се регистрирани рекордни 8 881 лице заразени со коронавирусот, а 91 починале.
Од почетокот на пандемијата во земјата се заразиле повеќе од 350 000 луѓе, а досега починале 7 893 лица.
Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е повеќекратно поголема отколку во другите нордиски земји, но пониска отколку во неколку европски земји кои применија строги рестриктивни мерки.
