Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска беше негативен на тестот за присуство на коронавирус, но ќе остане во самоизолација до 24 декември, бидејќи беше во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти кабинетот на Санчез.
Санчез, кој претходно денеска ги прекина сите свои јавни активности, ќе биде повторно тестиран пред да излезе од самоизолација, се додава во соопштението од неговиот кабинет.
Санчез и Макрон се состанаа во понеделникот во Париз, а денеска Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател е позитивен на коронавирусот.
„Претседателот беше тестиран денеска и е позитивен. ПЦР-тестот беше направен откако се појавија првите симптоми“,
се наведува во соопштението на Елисејската палата.
Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена.
