Санчез и Макрон имаа средба во понеделникот во Париз, а денеска Елисејска палата соопшти дека францускиот претседател е позитивен на ковид-19
Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе биде во самоизолација до 24 декември откако беше објавено дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, е позитивен на ковид-19.
Санчез и Макрон имаа средба во понеделникот во Париз, а денеска Елисејска палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.
„Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР-тестот беше направен по појавата на првите симптоми“,
се наведува во соопштението од Елисејска палата.
Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена.
