Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на кандидатот на неговата партија за градоначалник на предвремените локални избори во општина Пласница.
„Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јахоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда за волјата на граѓаните за поддршка на нашите политики за сите граѓани“,
напиша Ахмети на својот фејсбук-профил.
Во Пласница имаше двајца кандидати на изборите за градоначалник: Алија Јахоски од ДУИ и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците.