Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил регистриран во 8:47 часот по локално време со епицентар на 11 километри југоисточно од градот Лерин и бил на длабочина од 9 километри

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утрово во Битола, Охрид и блиската околина, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил регистриран во 8:47 часот по локално време со епицентар на 11 километри југоисточно од градот Лерин. Земјотресот бил на длабочина од 9 километри.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 8:47 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 4 степени“,
информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
