Нова жртва на ковид-19 меѓу медицинските работници, почина 41-годишниот д-р Дашмир Дервиши од тетовското село Боговиње. Матичниот лекар, кој имал и своја ординација во Боговиње не уаспеа да се избори со новиот коронавирус.
Веста за неговата смрт ја објави месната заедница од Боговиње, а ја потврди и градоначалникот, Албон Џемаили.
„Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ги слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател“,
напиша Џемаили на Фејсбук.