Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни на ковид-19 се лекуваат моментно на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, информираат од МЗ
Во ковид-центрите во Скопје, во последните 24 часа, се хоспитализирани 32 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми: Тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на Очната клиника.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника, во текот на вчерашниот ден, се примени осум пациенти.
Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 12 оздравени пациенти.
Во моментов, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 32 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 111 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент, од кои 10 деца и 22 возрасни.
Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало триесетина слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, велат од МЗ.