Со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките се претвораме во оружје еден против друг. Јас ке бидам под силен надзор на лекарите и благовремено ќе ве информирам за сè, напиша на ФБ градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство
Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, а поранешен министер за здравство, објави вечерва дека е позитивен на ковид-19.
„Штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот ковид-19. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во оваа игра, никој не може да се заштити сам … со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките своеволно се претвараме во оружје еден против друг. Јас ке бидам под силен надзор од страна на лекарите и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се“,
објави Таравари на својот фејсбук-профил.