Емисијата „360 степени“, во која гостува министерот за надворешни работи Бујар Османи, се емитува вечерва (27 ноември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Од Бугарија засега нема сигнали дека интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, придружено со определени писмени гаранции, може да донесе пресврт до 8 декември, кога повторно ќе заседава Советот за општи работи на Европската Унија. Дома, ВМРО-ДПМНЕ организира протести под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ и најавува иницијатива за гласање доверба на владата во Собранието. По бугарската блокада, повици за оставки од Заев, Димитров и Османи стигнаа и од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Има најави за можна интерпелација на Османи и Груби и од незадоволници во ДУИ.
Ова е рамката за разговорот со шефот на дипломатијата Бујар Османи.
„360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.