И министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи се огласи со порака за премиерот Зоран Заев, откако неговото интервју за бугарската БГНЕС предизвика низа реакции во јавноста.
Филипче изразува целосна поддршка за премиерот и вели дека тоа што тој го направил досега за ЕУ интеграциите е за најголема почит.
„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“,
вели Филипче.