Владата на денешната седница донесе одлука да забрани групирање на повеќе од четири лица на отворен простор во текот на целиот ден. Досега оваа забрана важеше само по 21 часот.
„Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“,
соопштија од Владата.
Во однос на одлуките поврзани со ковид-19, на денешната седница се официјализирала и одлуката за ангажирање на поранешните припадници на Армијата за обезбедување на болниците.
За таа цел, ќе се ангажираат поранешните армиски службеници кои имаат над 45 години.
„Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест ковид-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила“,
додаваат од Владата.
