За разлика од другите европски земји, Шведска не му наметна карантин на своето население, што предизвика дискусии за ефективноста на стратегијата во борбата против ковид-19
Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави денеска дека е во самоизолација откако дознал дека негов близок бил во контакт со друго лице кое е заразено со коронавирус.
Тој изјави дека неговиот близок, чиј идентитет не се открива, е негативен на коронавирус, меѓутоа докторите му советувале заедно со сопругата да се самоизолираат.
„Работам од дома. Се чувствувам добро и немам симптоми“,
напиша Ловен на својот фејсбук-профил додавајќи дека тој и сопругата веднаш ќе се тестираат за ковид-19.
Од појавата на пандемијата, Шведска воведе само краткорочни мерки кои предвидуваа препорака да се работи од дома, за да се намали бројот на луѓе во јавниот превоз, што претставува голем ризик од натамошно ширење на коронавирусот.
За разлика од другите европски земји, Шведска не му наметна карантин на своето население, што предизвика дискусии за ефективноста на стратегијата во борбата против ковид-19.
Властите веруваат дека краткорочните мерки не можат да бидат ефективни за долги периоди.
Во Шведска досега со коронавирус се заразија 137 730 лица, а 6 000 починаа.