Велика Британија е земја со најмногу жртви од ковид-19 во Европа, со 48 000 смртни случаи
Британските власти од денеска воведуваат нов карантин за 56 милиони жители, во надеж дека тоа ќе го спречи брзото ширење на коронавирусот.
Во меѓувреме, Италија и Кипар се подготвуваат за полициски час, а САД имаат нов рекорд со повеќе од 100 илјади заразени за 24 часа.
Коронавирусот сега најбрзо се шири во Европа, со повеќе од 11 милиони случаи, од кои половина се во Русија, Франција, Шпанија и Велика Британија.
На глобално ниво, како последица на пандемијата досега починаа најмалку 1,2 милион луѓе, а САД сè уште се на првото место, со 233.650 смртни случаи.
После Ирска и Франција, почнува второто затворање во Англија за нејзините 56 милиони жители. Продавниците што не се неопходни ќе мора да се затворат, а угостителските објекти ќе можат да вршат само испорака. Училиштата остануваат отворени.
За да ја смири загриженоста на граѓаните, британскиот премиер Борис Џонсон вети дека карантинот ќе заврши на 2 декември.
Велика Британија е земја со најмногу жртви од ковид-19 во Европа, со 48 000 смртни случаи.