Во боите на знамињата на Франција и Австрија вечерва е осветлена зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) во Скопје. Потегот е за да се даде поддршка на двете земји по низата на терористички напади кои се случија изминативе денови
„Нашите сојузници, но пред сѐ, нашите пријатели Франција и Австрија поминуваат низ едно тажно поглавје по ужасните терористички напади. Но ние сме појаки од омразата и теророт и заедно ќе ја водиме оваа битка. Вечерва изразуваме сочуство и солидарност со нашите француски и австриски пријатели“,
се наведува во информацијата од МНР.
Од МНР потенцираат дека испраќаме порака дома, но и во светот дека овие немили настани не можат да нѐ исплашат, но можат да нѐ сплотат.