Дополнително е забрзано ширењето на пандемијата во Европа, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), откако беше забележано дека минатата недела во Европа пријавени се речиси половина од случаите со ковид-19 регистрирани на глобално ниво.
Најголем број на новозаразени во Европа регистрирани се во Франција, Италија и Велика Британија, додека во Андора, Чешка и Белгија потврдена е највисока стапка на заразеност.
Во неделниот извештај објавен синоќа, СЗО наведува и дека изминатата недела во Европа забележан е пораст од 46 отсто во споредба со претходната недела на смртните случаи од новиот коронавирус.