Се работи за неколку области во Индијана и Кентаки, кои традиционално важат за сојузни држави каде победуваат републиканците
Во САД предмалку заврши гласањето на претседателските избори во првите области во две сојузни држави.
Станува збор за неколку области во Индијана и Кентаки, но сепак тие се премалку за да може да се има барем првична слика за тоа како се одвивал процесот на гласањето, а уште помалку кој од кандидатите е во предност.
Бидејќи САД опфаќаат повеќе временски зони, последните гласачки места ќе се затворат дури следниот ден.
На сосема мал број пребројани гласови во овие области, Трамп освоил 65 (Индијана) односно 85 (Кентаки) отсто од гласовите, додека Бајден 32 односно 17 отсто од гласовите. Овие две сојузни држави важат за традиционално републикански.

Излезните анекти покажуваат дека 53 отсто од гласачите се жени, а 47 отсто се мажи.
Исто така, статистиката врз основа на излезните анкети покажува дека на изборите 65 отсто од глаасачите се белци, 13 се Латиноамериканци, додека 12 отсто се Афроамериканци.

Во однос на возраста, излезните анкети пт ги објавија американските медиуми покажуваат дека најголем број од гласачите с ена возраст од 45 до 64 години и оние постари од 65 години. Аналитичарите во медиумите коментираат дека според претходните анекти, повозрасните гласачи се изјасниле за Бајден.

Оваа статистика исто така покажува дека од гласачите 55 отсто се без колеџ, додека 45 отсто имаат вакво ниво на образование. Овој податок за аналитичарите е важен, бидејќи во споредба со претходните избори, поголем дел од гласачите за Трамп биле без формално колеџ- образование.

Си-ен-ен се повика на излезна анкета која покажува дека 38 од гласачите се демократи, 35 се републиканци, а 28 се изјасниле дека се независни.