Армијата најверојатно ќе се вклучи во обезбедувањето на болниците со што ќе им биде од дополнителна испомош на припадниците на МВР.
Ваквиот предлог го дало Министерството за здравство, а останатите министри во Владата на седница денеска попладне го прифатиле таквиот предлог.
За вклучувањето на Армијата, како што соопштија од владината прес-служба, е донесен заклучок да се побара согласност од претседателот Стево Пендаровски.