Опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека и по девет месеци од коронакризата, власта не ја менаџира добро ситуацијата. тие го повикуваат министерот за здравство, Венко Филипче, да си поднесе оставка.
„Само брои новозаболени и починати од ковид – 19. По девет месеци, Филипче како да не го гледа дебаклот што се случува. Сега му текна дека треба да прави реогранизирање на здравството, па сега разговарал со лекари, со студенти по медицина со цел да се зајакнел системот и да помогнат. И тоа помошта, самиот вели, е да се добие решение за изолација на време?! Летниот период Филипче ги искористи за кампања, за одмор, за политички комбинаторики со шефот Заев“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, кога бројките на новозаболени и активни случаи не беа како овие сега, министерот Филипче заборавил на короната.
„И сега кога бројката на новозаболени се движи околу 30 проценти од заболените вели дека се било под контрола. И додека во светот се спроведуваат конкретни мерки, Филипче дели совети како овој последниов – носи маска. Наместо пиар, треба да дејствува. Но, тој доцни во се. Затоа сега единствена мерка за решавање на последиците од корона кризата е оставка на Филипче“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.