Бројот на новозаразени со коронавирусот во Полска се зголеми за рекордни 21 629, соопшти денеска полското Министерство за здравство.
Вкупниот број на лица заразени со ковид-19 во земјата сега изнесува 340 834.
Министерството соопшти дека во последните 24 часа од ковид-19 починале уште 22 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 5 351.
Од минатата недела, во Полска на сила се повеќе ограничувања, како забрана за јавните собири на повеќе од пет лица во следните две недели затворање на рестораните и баровите, како и задолжително носење маска на јавни места.