Емисијата „360 степени“, во која гостуваат Жарко Караџовски, Драган Даниловски и Дрилон Исени, се емитува вечерва (30 октомври 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва: Дали актуелното ниво на мерки е доволно или се потребни построги за да се заузди актуелниот бран на коронавирусот во земјава? Зошто Франција и Германија воведуваат полукарантин, а не и Македонија? Зошто пролетта, кога бројот на заразени и починати беше многу помал од денес, ограничувањата беа многу поголеми? Дали медицинските авторитети се под притисок на владиниот врв кој во прв план ја има економијата? Што мисли бизнисот за актуелната ситуација?
Дебатираат: претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, универзитетскиот професор во пензија и епидемиолог Драган Даниловски и извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Дрилон Исени.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.