Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије кој е заразени со ковид-19 денеска бил приклучен на респиратор, објави „Нова.рс“ повикувајќи се на извори од патријаршијата на Српската православна црква (СПЦ).
Влошувањето на неговата состојба доаѓа по околу две недели откако беше објавено дека тој е позитивен на вирусот.
„Неговата здравствена состојба се влоши поради воспаление на белите дробови. Сепак, веруваме дека митрополитот е силен и ќе го надмина ова. Нашите мисли се со него и се молиме за него“,
изјави извор од СПЦ.
Утрово од митрополијата беше објавено дека на Амфилохије му е отежнато дишењето, но дека тој не е приклучен на респиратор.
Митрополитот Амфилохије има 82 и со тоа спаѓа во ризична група. На 6 октомври беше објавено дека е заразен со коронавирусот и оти е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Подгорица.