Во последните 24 часа во БиХ се регистрирани 1 555 лица позитивни на коронавирус од вкупно направени 3 158 теста, што значи дека секое второ лице е заразено.
Во последното деноноќие се пријавени и 21 смртен случај.
Тоа е најголем број на новозаразени во еден ден досега, пренесува порталот „Кликс“.
Бројот на новозаразени е двојно зголемен во споредба со претходниот ден, кога беа регистрирани 703 позитивни случаи.
Од вкупниот број нови потврдени случаи, во Федерацијата БиХ, се регистрирани 909 лица од 1 720 тестирани примероци и 15 смртни случаи. Во Република Српска има 625 позитивни случаи и петмина починати. Во РС за 24 часа се тестирани 1 417 лица.
Вчера и кај нас беше регистриран рекорден број на новозаразени во однос на бројот на тестираните, 33,5 осто, што значи дека секој трет од тестираните бил позитивен.