Лидерот на партијата ќе се бира во април или мај следната година на директни внатрепартиски избори, бројот на партиски потпретседатели ќе биде меѓу два и четири, отчетот станува задолжителен за раководните органи на партијата, ребрендирање со воведување на црвената боја, се дел од промените во Статутот на партијата кои се воведуваат по денешниот 25.Конгрес на СДСМ
Директни внатрепартиски избори на кои ќе се бира лидер на партијата во април или мај следната година, бројот на партиски потпретседатели ќе биде меѓу два и четири, во зависност од предлогот на партискиот претседател, отчетот станува задолжителен за раководните органи на партијата, ребрендирање со воведување на црвената боја, се дел од промените во Статутот на партијата кои се воведуваат по денешниот 25.Конгрес на СДСМ.
Лидерот на партијата и премиер Зоран Заев рече дека исто така се отстранува и статутарната пречка за генералниот секретар на партијата да може да извршува функција во извршната власт.
Она на што партијата е најмногу горда, како што рече Заев е тоа што СДСМ станува првата партија во државата и во регионот која прави изедначување на жените и на мажите и во раководните органи, и во општинските конференции, во делегтската структура на следниот конгрес…
Одговарајќи на новинарско прашање, за тоа кој се може да се кандидира за претседател на партијата, Заев рече дека тоа може секој оној кој бил член на Централниот одбор од 1991 година наваму.
На прес-конференцијата по завршувањето на Конгресот, тој ги повтори статутарните промени кои и ги најави во воведното обраќање, а делегагите во работниот дел кој беше затворен за јавноста, ги усвоиле.
Денешниот 25.Конгрес на СДСМ беше отчетен, и прв по изборната победа. Тој беше и првиот дигитален Конгрес на партијата и првиот дигитален конгрес на која било политичка партија во земјава, целосно обезбеден со електронски начин на комуникација, преку конференциски видеоврски со оштинските организации.
*Поврзани вести
ВМРО-ДПМНЕ: Заев три години нема ниту концепт ниту идеја за развој на земјата
Николовски: Ја бришеме сликата на корумпирани политичари, креираме нов профил