Реакција на опозициската партија на говорот на премиерот и претседател на СДСМ на партискиот Конгрес
Зоран Заев три години нема концепт, ниту идеја за развој на Македонија, со него Македонија не мрда од мртва точка. Зоран Заев треба да излезе од деструктивната матрица и покаже минимум демократски капацитет, граѓаните и државата тоа го очекуваат, порачаа од ЦМРО-ДПМНЕ како реакција на обраќањето на премиерот Зоран Заев, на претседател на владејачката СДСМ, на денешниот партиски Кoнгрес.
„Зоран Заев повторно не кажува ништо ново и останува на истата деструктивна политика за Македонија, која резултираше со половина милион граѓани кои живеат со помалку од 130 денари на ден, нови 40 000 невработени, 1 милијарда нов долг за само 3 месеци, милионски рекет врз бизнисмени и нарушена безбедност по улиците.Нема извештај на меѓународна организација во кој не се пишува за криминалот, корупцијата и политизираноста на целиот систем“,
се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија наведуваат дека во време на владеењето на СДСМ неколку години нема разрешница на ниту еден криминален случај, и ги споменуваат: Рекет, Рекет 2, Леонардо, Сар Хемс, Крвавите тендери, Шик Јелак, и многу други, каде, како што велат, постои сомнение дека лично е вмешан врвот на власта.
Власта предводена од СДСМ тие ја обвинуваат и за лошите услови за земјоделците, за девастиранообразование и здравството е пред пропаст, додека Заев за распродавање на Гоце Делчев и македонскиот јазик.