Американскиот претседател Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во 2020 година во библиотека во државата Флорида.
„Гласав за типот со име Трамп“,
рече претседателот на САД, на новинарско прашање за кого го дал својот глас.
Трамп изјави дека гласал на најсигурен начин, истакнувајќи ја недовербата која ја има гласањето преку пошта.
На гласањето Трамп се појави со заштитна маска.