Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на ковид-19, информираше неговиот портпарол Блажеј Спихалски.
Тој напиша на Твитер дека Дуда се чувствува добро.
„Претседателот вчера беше тестиран на коронавирусот и резултатот е позитивен. Тој се чувствува добро. Ние сме во постојан контакт со надлежните медицински служби”,
напиша Спихалски.
Веста за Дуда доаѓа во време кога Полска се соочува со голем раст на заболените од ковид-19. Само вчера беа потврдени повеќе од 13 600 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.