Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација откако заменик-министерот за регионален развој, Николај Нанков информираше дека е позитивен на ковид-19.
„Имам негативен ПЦР тест од утрово. Тестот беше направен пред мојата средба со делегацијата на САД. Пред меѓународните средби и патувања, според барањата на релевантни безбедносни делегации, се тестирам. Во 16 часот денеска бев информиран од заменик-министерот Нанков дека е позитивен на ковид-19. Очекувам насоки од здравствените власти, а дотогаш ќе бидам во самоизолација. Со него последен пат бев во контакт пред 5 дена“,
напиша Борисов на Фејсбук.