Вицепремиерот Димитров најавува интензивни дипломатски напори за решавање на несогласувањата
Со одржани 10 физички средби, со постигнати три големи решенија од античкиот, средновековниот и дел од отоманскиот период и согласност за заеднички наратив за пет историски личности за двете страни, јас не би рекол дека работата на заедничката експертска македонско-бугарска комисија е неуспешна, изјави денеска вцепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на прес-конференцијата во Секретаријатот за европски прашања.

„Ако референтната точка за работата на вакви комисии се компаративните искуства на другите држави, германско-француските, германско-полските и други, каде овие комисии работат со децении, мислам дека македонско-бугарската комисија работи продуктивно и со полна пареа. Вчера разговарав со членовите од нашата страна, според кои постигната е многу важна препорака во делот на историските учебници и утврдена е динамиката, до крај на годинава да имаат уште една средба и пет следната година. Процесот што го почнавме со Договорот за пријателство е исклучително комплексен и благороден – во преамбулата на Договорот повеќепати се споменува разбирањето, а во членот 2 се говори за обврската на Бугарија да ни помага на нашиот европски пат и ние сме целосно посветени на имплементација на секоја од тие одредби“,
рече Димитров најавувајќи приод на интензивни дипломатски напори за излез од ситуацијата.
*Поврзани вести:
(ВИДЕО) 360 Степени сезона 7, емисија 11 – интервју со Љубчо Георгиевски
Нова средба на мешовитата комисија: 5 личности за кои досега е постигнат договор со Бугарија