Во новото издание на „360 Степени“ (16 октомври 2020 г.) на Алсат:
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, во интервју за „360 степени“, во свој стил, отворено зборува за актуелните случувања на релација Софија-Скопје. Тој смета дека Бугарија нема да постигне ништо ако не и дозволи на Северна Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија. Најавува и дека следната недела ќе оди во Софија за во тамошната јавност да го образложи овој свој став.