Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека на шест лица им е одреден притвор поради убиство кое настанало по расправија и тепачка помеѓу две групи во Прилеп пред два дена.
Лицата се осомничени за две кривични дела: убиство и тешка телесна повреда.
Расправијата, според информациите од МВР, започнала првично помеѓу две лица со иницијали С.Б. и М.Л., затоа што М.Л. упатил навреди кон сопругата на другиот. Набргу во расправијата се приклучил братот на С.Б., како и шестмина роднини на тој што ги упатил навредите.
Во тепачката помеѓу двајцата браќа и другата група, еден од браќата завршил со повреди и бил пренесен во болница. Другиот брат, пак, за тоа ги известил своите роднини и четворица од нив потоа ја продолжиле тепачката пред куќата на еден од спротивната група.
Во тепачката едно лице било тешко повредено во главата и набргу починало.
М.Л. поради чиј навреди почнала тепачката и уште пет лица се меѓу приведените и осомничените.