Министерството за внатрешни работи вчера спречило влез во земјава на 252 мигранти преку граничната линија со Грција, Бугарија и Србија.
Како што соопштија денеска од МВР, се работи за оперативната акција „Рефлекс“, која ја спровеле полициски службеници од повеќе организациски единици на МВР.
Вчера МВР информира за разбивање на криминална група која во изминатите десет месеци шверцувала мигранти од Грција, кои преку територијата на нашата земја биле пренесувани во Србија, а потоа кон западните земји.
Уапсени се десет лица од Богданци, Лојане, Скопје, Битола и Валандово.