Додека во Скопје трае состанокот на бугарско-македонската експертска комисија, бугарскиот претседател упати порака до членовите од неговата земја
Треба да се најде политичко решение, но не може да се прават компромиси со историјата и јазикот или со барања за национални малцинства, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во врска со недоразбирањата меѓу Софија и Скопје и очекувањата од средбата на заедничката комисија за историските прашања., пренесе агенцијата БГНЕС.
„Членовите на бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и ја бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“,
рече Радев.
Според него, постои можност за компромис, но не и со историјата, идентитетот и јазикот или за националните малцинства, пренесе БГНЕС.
Претседателот Стево Пендаровски пред два дена за Телма рече дека на последната средба со претседателот Радев во февруари во Ерусалим се договориле додека не видат некаков суштински резултат од Мешовитата експертска комисија, да не се прават посети кои не би дале никаков резултат.