Извештајот за состојбата со коронавирусот во последните 24 часа покажува дека во три скопски општини бројот на активни случаи надмина 300.
Во изминатото деноноќие во Скопје се регистрирани 201 нов случај и 43 излекувани пациенти. Во главниот град има и еден смртен случај.
По ваквиот развој на состојбата, во моментов во метрополата има 1 743 активни случаи, а трите општини во кои има над 300 активни се: Центар – 316, Аеродром – 311 и Карпош – 301.
Вчера во овие три општини бројката беше под 300 (Центар – 288, Аеродром – 282 и Карпош – 276).
Состојбата во останатите делови на скопскиот регион денеска е следна:
- Кисела Вода – 208
- Гази Баба – 168
- Ѓорче Петров – 149
- Чаир – 92
- Бутел – 67
- Илинден – 31
- Сарај – 16
- Шуто Оризари – 15
- Сопиште – 9
- Петровец – 7
- Чучер Сандево – 6
- Арачиново – 4
- Зелениково – 3
- Студеничани – 3
23 случаи во Скопје сè уште не се распоредени по општини со оглед на тоа дека не се завршени епидемиолошките анкети.
Меѓу активните случаи во главниот град се и 14 странци.
*Поврзани вести:
И денеска висока бројка на заразени: 383 нови случаи од 1 648 тестирања